Филм во време на корона - утре прва клапа на „Преекспонирано“

Проблематична тинејџерка ги истражува темите на осаменост, отуѓеност и лицемерие, нарушувајќи ја рамнотежата на една брачна двојка откако ќе дојде кај нив на гости. Ова е сижето за новиот македонски игран филм кој ќе почне да се снима кон крајот на оваа недела, на локации во Скопје и во Охрид.



Станува збор за психолошка драма која е долгометражно деби на режисерката Елеонора Венинова, која го напиша и сценариото. Продуцентот, Гоце Кралевски од „ДНФ филмс“ споделува дека неодамна, „Преекспонирано“ ја доби поддршката од Европскиот фонд за поддршка на кинематографијата „Еуроимаж“ и додава:

- Драго ми е дека успеваме, и во овој период на затишје за македонскиот филм поради пандемијава, да ги направиме финалните подготовки.. Имаме одлична екипа, која не само е професионална туку и строго се придружува на протоколите за заштита и верувам дека ќе се движиме според нашиот план. Локациите се веќе одбрани, а филмот, освен препознатливите пејзажи крај Охридскот езеро, ќе го содржи и урбаниот дел на градот – ова е современа приказна – вели Кралевски.

Филмската екипа ја сочинуваат актерите Сара Климоска, Благоја Веселинов, Камка Тоциновски, кинематографер е Лев Предан Коварски од Република Словенија, сценограф е Срѓан Митровиќ – Џиџи, Костимограф е Жаклина Крствка а маска Горан Игњатовски.

„Преекспонирано“ е копродукциски проект кој, освен од Агенцијата за филм, доби поддршка и од Филмскиот центар на Србија и СЕЕ Синема Нетворк, а поддршката од „Еуроимаж“ е во делот на развој на копродукции. Изминатиов период филмот учествуваше на повеќе работилници за развој, меѓу кои се и програмата „Директорс фортнајт“ во Кан, Сараево филм фестивал, „Синемед“ во Монпелје и многу други.

„Преекспонирано“ е во продукција на „ДНФ филмс“. Режисерката Венинова зад себе има три краткометражни филмови „Знакот“, „Влакна“ и „Борба за смрт“, како и повеќе серии. „ДНФ филмс“ пак, ја потпишува продукцијата и на краткометражните „Борба за смрт“, „Последните камбани“ и „Бале“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Зошто плавуша носи наочари на
стомак?
-Има слепо црево.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Во Тауер Грин е погубен Томас Мор,...
1885.- Францускиот научник Луј Пастер за првпат...
1893.- Умре Ги де Мопасан, француски писател,...
1971.- Во Њујорк умре Луј Амстронг, познат под...