Премиерно гледајте го новиот Дизни филм „Артемис Фаул“

Артемис Фаул е 12-годишен гениј и потомок на една лоза на интелигентни криминални умови. Тој набрзо ќе се најде во битка против една раса на моќни подземни самовили кои можеби стојат зад исчезнувањето на неговиот татко. Новиот филм на Дизни, „Артемис Фаул“ (Artemis Fowl), ќе има премиера на 9. август на HBO GO, додека на HBO каналот ќе биде прикажан на 23. август во 20 часот.



„Артемис Фаул“ е базиран на популарна книга на Оин Колфер и претставува фантастична авантура што го следи патешествието на 12-годишниот гениј Артемис Фаул, наследник на генерација криминални умови кој го бара својот татко кој мистериозно исчезнал. Со помош на неговиот лојален заштитник Батлер, Артемис тргнува да го бара и притоа открива древна подземна цивилизација – неверојатно напреден свет на самовили. Заклучувајќи дека исчезнувањето на татко му некако е поврзано со тајниот и затворен свет на самовилите, итриот Артемис кова опасен план – толку опасен што тој влегува во голема војна со моќните самовили.

Режисер на филмот е Кенет Брана, а во главните улоги ги гледаме Фердија Шо, Лара Мекдонел, Џош Гад, Тамара Смарт, Нонсо Анози, Џош Мегваер, Никеш Пател, Адријан Скарбороу, Колин Фарел и Џуди Денч. Кенет Брана и Џуди Хофлунд се продуценти, а извршни продуценти се Ангус Мор Гордон и Метју Џенкинс.

-„Артемис Фаул“ е навистина оригинален. Во време на големи предизвици, генијален 12-годишен престапник е навистина добар сопатник. Паметен, духовит и кул, тој ќе ве одведе во нови светови, ќе ве запознае со незаборавни ликови и ќе ја измеша магијата со хаосот. Семејството му значи сè и затоа би бил (иако тоа нема никогаш да го признае) горд како мене на семејствата ширум светот кои заедно ќе можат да уживаат во неговите први авантури на екран , вели  Брана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...