Кулио: „Dangerous Minds“ е големо клише

Оваа година навршуваат 25 години од филмскиот хит „Dangerous Minds“ со Мишел Фајфер во главната улога, но и од песната „Gangsta paradise“ којашто произлезе од филмот и се претвори во своевиден рап-евергрин.



Раперот Кулио (57) поради таа песна доби бројни награди и милиони обожаватели низ цел свет. Но, од денешно гледиште, тој смета дека филмот како приказна е големо клише и по малку утописки, како и сличните на него „The Blind Side” со Сандра Булок, или ,,The Help” што раскажуваат за т.н. „бели спасители“.

– Искрено, ги мразам овие филмови, каде што, нели – „белата надеж“ доаѓа во зафрлен дел од градот и ги спасува децата… Тие случаи се многу ретки. Не многу луѓе во вистинскиот живот се грижат едни за други, изјави Кулио.

„Dangerous Minds” е филм заснован на вистинската приказна за наставничката од Калифорнија Лу-Ен Џонсон, која претходно била маринец во Американската армија. Со буџет од 23 милиони долари, филмот заработи над 180 милиони долари во САД.

Песната „Gangsta paradise“ како сингл пред 25 години беше продадена во шест милиони копии низ цел свет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...