Премиера на новата серија „Одгледани од волци“

„Одгледани од волци“ (Raised By Wolves), нова научно-фантастична серија на врвниот режисер Ридли Скот, ќе има премиера на 4. септември на HBO GO.



Серијата „Одгледани од волци“ следи два андроиди – Татко и Мајка – чија задача е да растат човечки деца на мистериозна нова планета. Додека сè побројната човечка колонија може да се распадне поради верски разлики, андроидите сфаќаат дека контролирањето на човечките уверувања е опасна и тешка задача.

Во главните улоги ќе ги гледаме Тревис Фимел, Аманда Колин, Абубакар Салим, Винта Мекграт, Нијам Алгар, Феликс Џејмисон, Итан Хазард, Џордан Лугран, Асија Ша и Ајви Вонг.

Извршен продуцент и режисер на оваа серија во десет продолженија е Ридли Скот, а сценарист е Арон Гузиковски. Серијата ја продуцираше продуцентската куќа „Scott's Scott Free Productions“ заедно со Ридли Скот и Арон Гузиковски, а останати извршни продуценти се Дејвид В. Зукер, Џордан Шихан, Адам Колбренер и Марк Хуфам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца ненормални играат фудбал. После некое време едниот извикува:
- ПОЛУВРЕМЕ!!! Сега ти си топката.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1545.- Бродот „Мери Роус“, гордост на воената...
1814.- Роден е американскиот пронаоѓач Семјуел...
1834.- Во Париз е роден Едгар Дега, француски...
1866.- Умре германскиот математичар Георг...