Премиера на нова HBO серија „Ние сме тие што сме“

Лука Гвадањино, режисер номиниран за „Оскар“, за првпат ќе ја пренесе својата уникатна кинематографска умешност на телевизија преку осум епизоди на серијата „Ние сме тие што сме“ (We Are Who We Are). Премиерата на серијата е на 15. септември во 21 часот на HBO, а истиот ден ќе биде достапна и во понудата на HBO GO.



Серијата преставува приказна за животот на две американски деца кои живеат во воена база на САД во Италија и го истражува пријателството, првата љубов, идентитетот, и ја вовлекува публиката во целата радост и мака на тоа да се биде тинејџер - приказна што може да се случи секаде во светот, а во овој случај се случува во ова мало парче на Америка во Италија.

Во серијата настапуваат Клои Севињи, Џек Дилан Грејзер, Алис Брага, Џордан Кристин Семон, Спенс Мур II, Скот Мескуди, Фејт Алаби, Франческа Скорсезе, Бен Тејлор, Кори Најт, Том Мерсиер и Себастијано Пигаци.

Џек Дилан Грејзер го игра срамежливито и повлечено 14-годишно момче кое се преселува од Њујорк во воената база во Венето заедно со неговите мајки Сара (Клои Севињи) и Меги (Алис Брага), двете дел од американската војска. Џордан Кристин Семон (Кејтлин) е наизглед храбра и самоуверена жена која живее во американската база заедно со семејството и добро зборува италијански јазик. Во споредба со повозрасниот брат (Спенсер Мур II), Кејтлин има поблизок однос со таткото Ричард (Скот Мескуди), но комуникацијата со нејзината мајка Џени (Фејт Алаби) е проблематична.

Серијата е копродукција на HBO и Sky, а креатор, извршен продуцент, сценарист и режисер е Лука Гвадањино. Останати извршни продуценти се Лоренцо Миели, Марио Џанини, Елена Рекија, Ник Хол, Шон Конвеј и Франческо Мејзи Дерил. Паоло Џордано и Франческо Маниери се продуценти на серијата заедно со Гвадањино.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...