„Врба“ на Манчевски во трката за европски Оскар

Европската филмска академија (ЕФА) денес ја објави одлуката да го вклучи „Врба“ на Милчо Манчевски во селекцијата за најдобар филм 2020 на 33-те Европски филмски награди.

За филмовите во селекцијата за најпрестижната европска награда, што е позната и како Европски Оскар, ќе гласаат над 3.800 членови на Академијата и ќе изберат по 5 номинации во 5 категории: најдобар филм, режисер, актер, актерка и сценарио. Номинациите ќе бидат објавени на 7 ноември на фестивалот во Севилја, Шпанија.

Годинава доделувањето наградите на Европската филмска академија ќе се одржи во Рејкјавик, Исланд на 12 декември.
Во селекцијата на ЕФА годинава се 38 филмови.

Ова е втор пат филм од Манчевски да влезе во селекцијата за европските филмски награди, во 2011 година селектиран беше и неговиот „Мајки“.

Пандемијата го прекина, но не можеше да го загуши подемот на „Врба“ – драмата на Милчо Манчевски. „Врба“ го започна своето патување со светска премиера на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година, каде што беше забележан со исклучително позитивни критики. Пред ковид пандемијата, по македонската премиера филмот играше во кино два и пол месеци и ги сруши рекордите на гледаност во земјата.

Публиката го забележа на низа фестивали, а филмот продолжи да собира одлични критики – Варајети го нарече „суптилен, длабок“, Холивуд репортер вели „те зграпчува, супериорно атмосферски, актуелен и универзален“, за Скрин интернешенел е „трогателен и длабок“.

„Врба“ е добитник на наградите „Хосе Оливеира“ на Фантаспорто во Порто, на Најдобар филм на Велингтон, Нов Зеланд, се прикажа и на фестивалите во Талин, Тајпеј, Пекинг, Истанбул, Сараево, ФЕСТ во Белград, Синеквест во Сан Хосе, Клуж-Напока, Бенгалуру во Индија… „Врба“ неделава ќе го отвори фестивалот во Софија, а ќе го затвори фестивалот во Тирана. Номиниран е и за Најдобар меѓународен филм и за Најдобар режисер на Рејнденс во Лондон.

„Врба“ ги раскажува приказните на три мајки во средновековна и современа Македонија. Играат Сара Климоска, Наталија Теодосиевска и Камка Тоциновски, директор на фотографија е Тамаш Добош, монтажата е на Николас Гастер, продукцискиот дизајн е на Дејвид Манс, а музиката е од Кирил Џајковски.

Филмот е македонско – унгарско – белгиската копродукција со учество на Албанија, а продуциран е од Јане Ќортошев и легендарниот британски продуцент Ник Пауел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...