Премиера на новата HBO серија „Бертаун“

Новата HBO Europe серија „Бератун“ (Beartown) од Шведска ќе има премиера на 18. октомври во 21 часот на каналот HBO 3, а истиот ден првите две епизоди ќе бидат достапни и во понудата на HBO GO.



Серијата е снимена според бестселерот на Фредрик Бакман, а дејството се одвива во градот Бертаун кој полека исчезнува меѓу дрвјата кои го опкружуваат. Локалниот херој и бивша хокеарска ѕвезда Петер доаѓа во Бертаун да изгради младински тим и да ја обезбеди иднината на градот. Носењето на сите надежи на градот на своите плеќи е тежок товар за момците од Бертаун. Кога младата ѕвезда на тимот е обвинета за грозоморен акт, градот влегува во хаос при што сите жители се погодени. „Бертаун“ ги истражува надежите кои ја обединуваат малата заедница, тајните што ги раздвојуваат, храброста што е потребна за една индивидуа да ѝ се спротивстави на групата и последиците од тоа како ги воспитуваме нашите деца.

Главните улоги во оваа драма во пет продолженија ги имаат: Улф Стенберг, Алиет Опхајм, Тобијас Зилијакус, Миријам Ингрид и Оливер Дуфакер. Режисер на серијата е Питер Гронлунд, а сценариото е на Андерс Вајдман, Антонија Пик и Лин Готфридсен. Продуценти на серијата се Бони Скуг Фини и Матијас Арен, а извршни продуценти за HBO Europe се Хане Палмквист, Стив Метјуз и Ентони Рут. Познатиот шведски писател Фредрик Бакман („Човекот по име Уве“) и според чиј роман се базира серијата истотака е извршен продуцент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Како најлесно да убиешној?
-Избламирај го на асфалт.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По...
1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат...
1837.- Кралицата Викторија Прва, како прв...
1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото...