Сите филмови за славниот агент 007 пристигнуваат на 1. декември на HBO GO, а во наредните месеци ќе бидат емитувани и на HBO и Cinemax каналите.
Џејмс Бонд, јунакот од романите на Ијан Флеминг, по првпат беше претставен на гледачите во 1962 година во филмот „Доктор Но“ (Dr. No) со Шон Конери во главната улога кој успеа на агентот да му даде неодолив шарм кој трае и денес. Потоа, Конери се појави во уште пет продолженија: „Од Русија со љубов“ (From Russia With Love), „Голдфингер“ (Goldfinger), „Операцијата Гром“ (Thunderball), „Се живее само двапати“ (You Only Live Twice) и „Дијамантите се вечни“ (Diamonds Are Forever) како и во неофицијалната продукција на „Никогаш не вели никогаш“ (Never Say Never Again). Помеѓу последните два филма го замени актерот Џорџ Лејзенби во хитот „Во тајна служба на Нејзиното Величество“ (In Her Majesty’s Service). Лејзенби, со наполнети 30 години, е најмладиот Џејмс Бонд во историјата. Во оваа збирка филмови ќе биде достапна и пародијата „Казино Ројал (1967)“ (Casino Royale (1967)) снимена според првата книга на Флеминг.
Британскиот актер Роџер Мур ја преземал улогата во 1973 година и настапувал во седум филмови: „Живеј и остави ги другите да умрат“ (Live And Let Die), „Човекот со златен пиштол“ (The Man With The Golden Gun), „Шпионот кој ме сакаше“ (The Spy Who Loved Me), „Операција Вселена“ (Moonraker), „Само за твоите очи“ (For Your Eyes Only), „Октопуси“ (Octopussy) и „Поглед на убиство“ (A View To Kill).
Кон крајот на осумдесеттите Тимоти Далтон ја презеде улогата во два филма кои ја покажаа и понежната страна на агентот 007 – „Здивот на смртта“ (The Living Daylights) и „Дозвола за убиство“(Licence To Kill).
Пирс Броснан првпат го гледавме во улогата на Џејмс Бонд во 1995 година во филмот „Златно око“(GoldenEye). Освен во овој филм, Броснан успеа да ги спои елеганцијата на Шон Конери и харизмата на Роџер Мур во уште три филма кои во текот на деведесеттите станаа холивудски класици: „Утрешнината никогаш не умира“ (Tomorrow Never Dies), „Светот не е доволен“ (The World Is Not Enough) и „Умри некој друг ден“ (Die Another Day).
По пауза од четири години, Даниел Крејг е актерот кој го оживеа серијалот со филмот „Казино Ројал (2006)“ (Casino Royale (2006)) кој се смета за еден од најдобрите филмови за Џејмс Бонд во историјата. Во следните три филма во кои настапуваше – „Зрно утеха“ (Quantum Of Solace), „Скајфол“ (Skyfall) и „Спектра“ (Spectre) ги гледаме човечноста и мааните на Бонд со што гледаме друг пристап до славниот лик на кој фановите не се навикнати. Најновиот филм од франшизата со наслов „Нема време за умирање (No Time To Die) ќе биде и последно појавување на Крејг во улогата на агентот 007, а премиерата е закажана за април 2021 година