Продолжението на „Сексот и градот“ без Саманта

Најавата дека серијата „Сексот и градот“ се враќа со уште најмалку една сезона предизвика возбуда кај обожавателите, но и разочарување дека еден од главните ликови, Саманта Џонс нема да се појави во новите епизоди.

Сара Џесика Паркер објави и краток трејлер на својот Инстаграм-профил, па многу од коментарите се однесуваа токму на актерката Ким Катрал која го толкуваше ликот на Саманта. Одговарајќи на прашање, Сара прво рече дека таа „не е потребна“ за новата сезона.

По сомнежите потоа, околу тоа дали тие две „се сакаат или не“, таа мораше и да појасни.

-Не. Не е точно дека не ја сакам. Никогаш не го реков тоа. Никогаш. Саманта не е дел од оваа приказна. Но, таа секогаш ќе биде дел од нас. Без оглед каде сме и што правиме, додаде Сара.

Новата сезона ќе ги следи Кери (Паркер), Миранда (Синтија Никсон) и Шарлот (Кристин Дејвис) во нивните 50-ти години од животот. Снимањето треба да започне во Њујорк кон крајот на оваа пролет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...