Џејн Фонда ќе добие Златен глобус за животно дело

Американската актерка Џејн Фонда ќе биде наградена со Златен глобус за животно дело, поради „нејзиниот непобитен талент кој ѝ носи највисоки признанија“, како што подвлече Холивудската асоцијација на странски новинари (НФПА) – организатор на свеченоста.



-Иако нејзиниот професионален живот претрпе многу потреси, таа секогаш ќе остане запомнета по непоколебливата посветеност на промените, се истакнува во соопштението.

Фонда има впечатлива актерска кариера од веќе шест децении. Доделувањето на наградата ќе се случи на годинешната свеченост во Беверли Хилс, Калифорнија, САД, на 28 февруари.

Оскаровката дебитираше на големиот екран во 1960 година, а подоцна стана, според многумина – една од најсјајните холивудски sвезди, со филмови како „Барбарела“, „Девет до пет“ и „На златното езеро“… Нејзиното последно појавување беше во хумористичната серија на Нетфликс – „Грејс и Френки“.

Фонда е и добро позната како политичко-општествена активистка. Во 1960-тите, таа отворено се изјасни против војната во Виетнам… Актерката, која напиша книга за тоа како луѓето можат да бидат поактивни граѓани – беше уапсена неколкупати за време на протестите.

Таа неодамна беше активно вклучена и во кампањите против климатските промени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...