„HBO Max“ нема да ги тргне филмовите на Вуди Ален

Продукциската куќа HBO нема намера, од својата стрим-платформа да ги тргне филмовите на Вуди Ален по новата документарна серија „Ален против Фароу“ која фрла ново светло врз наводите дека режисерот е сексуален напасник.



На платформата „HBO Max“ во мигов има шест филма на Вуди Ален: „Broadway Danny Rose“ (1984), „Radio Days“ (1987), „September“ (1987), „Another Woman“ (1988), „Shadows and Fog“ (1991) и „Scoop“ (2006). Неговата поранешна девојка Мија Фароу се појавува во сите филмови, освен во последниот.

-Овие наслови ќе останат достапни во изборот, па гледачите може да донесат свои одлуки за прикажување на дело, врз податоците што ги знаат, соопшти HBO.

Документарецот „Ален против Фароу“, од кој досега, во неделата е прикажан првиот од четирите дела, го прикажува времето кога Ален (85) и Фароу беа заедно и успешни во 1970-тите и 80-тите, но и неговата врска со една од посвоените ќерки на Фароу – Сун-Ји, за која подоцна режисерот и се ожени. Се говори и за исто толку старото тврдење дека Ален сексуално ја злоставувал нивната заедничка посвоена ќерка – Дилан, што Ален го одрекува. За тоа, никогаш не беа покренати обвиненија.

Ален смета дека документарецот еднострано ја прикажува приказната и дека, наводно, му биле дадени „малку денови да одговори“ со свое видување, како што вели во неговото соопштение за медиумите.

Режисерот се раздели од Фароу во 1992., а во 1997 година се ожени со Сун-Ји Превин, ќерката на неговата претходна невенчана партнерка и сега заедно имаат две посвоени деца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...