Златен глобус за „Земја на номадите“ и „Борат 2“

Драмата „Земја на номадите“ и сатирата „Борат 2“ вчеравечер ги освоија наградите за најдобри филмови на доделувањето на Златните глобуси. Овојпат, тоа беше претежно виртуелна свеченост, истовремено одржана во Лос Анџелес и Њујорк, под мерките на пандемијата и во знакот на повиците за поголемо почитување на различностите.

Режисерката родена во Кина, Клои Жао ја доби и наградата за најдобар режисер, за филмот „Земја на номадите“ (Nomadland) – драма за американски бездомни преселници погодени од рецесија. Жао е втората жена и прва Азијка што го освоила Златниот глобус во оваа категорија.

Авторот на „Борат 2“, Саша Барон Коен е прогласен за најдобар актера во категоријата комедија, додека пак, Андра Деј ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на пејачката Били Холидеј во „САД против Били Холидеј“ (The United States vs. Billie Holliday). Џоди Фостер е наградена за својата споредна улога во филмот „Мавританец“ (The Mauritanian).

Британската драма за кралското семејство „Круна“ (The Crown), комедијата „Шитс Крик“ (Shitt’s Creek) и шаховската минисерија „Движењето на кралицата“ (Queen’s Gambit) ги освоија главните награди во телевизиските категории. Meѓу победниците беа и Ема Корин која ја глуми младата принцеза Дајана, Џош О’Конор, за улогата на принцот Чарлс и Џилијан Андерсон, која ја толкува Маргарет Тачер во серијата „Круна“ на Нетфликс.

Драмата „Менк“, исто така, на Нетфикс – приказна за сценаристот на класиката „Граѓанинот Кејн“, ја почна вечерта со шест номинации, но не освои ниедна од наградите.

Sвездата на „Црниот пантер“ – Чадвик Бозман, за кого не се знаеше дека боледува од рак и чија смрт на 44 години ги шокираше неговите обожаватели, постхумно беше награден за најдобар актер, за неговата последна улога во џез-драмата „Ма Рејни: Мајка на блузот“ (Ma Rainey’s Black Bottom).

И британските актери Даниел Калуја и Џон Боега, како и анимираниот филм „Соул“ беа меѓу наградените. Џејн Фонда – седумкратна добитничка на Златен глобус, ја доби наградата „Сесил Б. Демил“ за животно дело, а Норман Лир доби награда именувана по легендарната Керол Барнет, за долгата своја телевизиска кариера. Јужнокорејскиот „Минари“ е избран за најдобар неанглиски филм.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...