Сите 10 сезони на хит серијата „Пријатели“ од април на HBO GO

Наградуваната хит серија „Пријатели“ (Friends) ќе биде достапна за гледање на HBO GO од 15. април. Од тој датум ќе може да уживате во сите десет сезони на оваа култна комедија.



„Пријатели“ е една најпопуларните серии во светот со освоени неколку „Еми“ и „Златен глобус“ награди. Станува збор за интелигентна и софистицирана комедија која влегува во срцата и умовите на шест пријатели кои живеат во Њујорк.

Сите 236 епизоди на серијата се снимени во легендарното 24 Warner Bros. Television студио во Бурбенк, Калифорнија, а во главните улоги ги гледаме Џенифер Анистон како Рејчел Грин, Кортни Кокс како Моника Гелер, Лиза Кудроу како Фиби Буфе, Мат Лебланк како Џои Трибијани, Метју Пери како Чендлер Бинг и Дејвид Швимер како Рос Гелер. Во текот на десетте сезони во серијата гостуваа многу актерски ѕвезди меѓу кои и Бред Пит, Рис Видерспун, Сузан Сарандон, Џорџ Клуни, Пол Рад, Том Селек, Брус Вилис, Кетлин Тарнер, Шон Пен, Гери Олдман, Бен Стилер, Винора Рајдер и Џулија Робертс.

Автори на серијата „Пријатели“ се Марта Кауфман и Дејвид Крејн, а заедно со Кевин Брајт се и извршни продуценти.

Серијата е емитувана од септември 1994 година до мај 2004 година, се состои од десет сезони и 236 епизоди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...