Премиера на новата HBO серија „Невозможно“

Новата HBO серија „Невозможно“ (The Nevers) ќе има премиера на 12. април на HBO GO, додека првата епизода на HBO каналот ќе се емитува истиот ден во 20 часот. Првиот дел од сезоната има 6 епизоди, а вториот ќе донесе уште шест епизоди чиј датум на премиера ќе биде објавен дополнително.



Во август 1896 година, викторијанскиот Лондон е опседнат од „Одбраните“, повеќето жени, кои одеднаш манифестираат магични способности, некои симпатични, а некои вознемирувачки. Сите кои припаѓаат на оваа класа се во голема опасност. Амалија Тру (Лора Донели), мистериозна вдовица, и Пенанс Адаир (Ен Скели), брилијантна млада изумителка се оние кои треба да ги заштитат „Одбраните“. За да успеат во тоа треба да се соочат со брутална сила која е решена да ги уништи.

Покрај Лора Донели и Ен Скели, во серијата настапуваат и Оливија Вилијамс во улога на богатата филантропка Лавинија Бидлоу, Џејмс Нортон како Хуго Свон, богат и бесрамен наследник на неморален илегален клуб, Том Рајли кој го игра помладиот брат на Лавинија и Пип Торенс во улогата на лорд Гилберт Масен, висок државен службеник кој води битка со главните ликови. Во серијата ќе ги гледаме и Бен Чаплин во улогата на Френк Мунди, инспектор кој е растргнат помеѓу полициската служба и моралните начела, Денис О’Хер како пореметениот доктор Едмунд Хаг кој го бара изворот на оваа супермоќ, Закари Момо е Хорациј Кусенс кој е доктор во сиропиталиште и кој има исцелувачка моќ, Ејми Менсон во улогата на смртоносната Малади која својата моќ ја црпи од болка и Рошел Нил која ја глуми Ени Карби, жена со огнена моќ.

Во останатите улоги ќе ги гледаме Еленор Томлинсон, Елизабет Берингтон, Ана Девлин, Киран Савар, Вајола Претеџон, Ела Смит, Вини Хевен и Ник Фрост. Извршни продуценти на серијата се Џош Ведон, Бернадет Колфилд, Ајлин С. Ландрес, Даг Петри, Џејн Еспенсон и Филипа Гослет. Сценариото е на Џош Ведон, Џејн Еспенсон, Кевин Лау, Мадури Шекар и Мелиса Икбал, а режисери на епизодите се Џош Ведон, Дејвид Семел и Зетна Фуентес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...