Даниел Крег: Жена не треба да го глуми Џејмс Бонд

Следната година навршуваат 60 години од првиот филм за Џејмс Бонд („Д-р Но“, 1962) од високобуџетниот серијал, тогаш со Шон Конери во водечката улога. Даниел Крег е шестиот актер што ја презеде истата пред околу 15 години и годинава, во филмот „Не е време за умирање“ (No Time to Die), обожавателите на „007“ ќе можат по петти и (веројатно) последен пат да го видат во оваа веќе култна улога.

По тој повод, Крег проговори за можноста во иднина, британскиот агент да го глуми девојка.

– Зошто жена да го глуми Џејмс Бонд кога може да има нов лик, исто толку добар како Џејмс Бонд, но – жена?!, праша Крејг.

Актерката Лашана Линч, според гласините, некои ја гледаат во насловната улога во следниот, 26. филм за „007“. Таа е, инаку, главната „Бонд девојка“ во годинашниот филм од серијалот, којшто излегува на 8-ми октомври.

Сличен став, дека Џејмс Бонд не треба да го глуми жена, туку треба да се создаде сосем нов женски лик, пред извесно време имаше и Барбара Броколи – сегашна главна продуцентка на серијалот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...