Премиера на 3-та сезона на наградуваната HBO серија „Следоред“

Третата сезона на HBO серијата „Следоред“ (Succession) ќе има премиера на 18. октомври на HBO GO, а истиот ден на HBO каналот во 20 часот ќе биде емитувана првата епизода од новата сезона.



„Следоред“ е наградувана серија чија втора сезона освои вкупно седум „Еми“ награди, меѓу кои и онаа за најдобра драмска серија.

Логан Рој и неговите четири деца контролираат еден од најголемите медиумски конгломерати на светот. „Следоред“ го прикажува семејството Рој додека ја планираат својата иднина откако таткото ќе се повлече од компанијата. Исфрлен од бунтовниот син Кендал на крајот на втората сезона, Логан Рој ја почнува третата сезона во опасна позиција, мачејќи се да обезбеди семејни, политички и финансиски сојузи. Горчливата корпоративна битка се претвора во семејна војна.

Во третата сезона настапуваат: Брајан Кокс, Џереми Стронг, Сара Снук, Киран Калкин, Алан Рак, Николас Браун, Метју Мекфејден, Питер Фридман, Џ. Смит Камерон, Дагмар Доминик, Џастин Луп, Дејвид Раш, Фишер Стивенс, Хијам Абас, Аријан Моаед, Хариет Волтер, Џејмс Кромвел, Натали Голд, Џулијана Канфилд, Анабел Декстер Џонс, Зои Винтерс и Џини Берлин. Во серијата ќе ги гледаме и Александар Скарсгард, Сана Латан, Линда Емонд, Џихај, Адријан Броди, Хоуп Дејвис и Даша Некрасова.

Автор, извршен продуцент и главен сценарист на серијата е Џеси Армстронг. Други извршни продуценти се Адам Мекеј, Френк Рич, Кевин Месик, Џејн Трантер, Марк Милод, Тони Рош, Скот Фергусон, Џон Браун, Вил Трејси и Вил Фарел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...