„Хари Потер“ се враќа за 20-годишнината

Оригиналната актерска екипа од серијалот „Хари Потер“ ќе биде повторно обединета 20 години по првиот филм. Специјалното издание на „HBO Max“, со наслов „Враќањето во Хогвортс“ ќе биде објавено на 1 јануари 2022 година, соопшти стрим-платоформа.



Даниел Редклиф, Руперт Гринт и Ема Вотсон ќе му се придружат на американскиот режисер Крис Колумбус за да разговараат за филмовите и да го истражат нивното создавање. Специјалното издание ќе им покаже на обожавателите „магично патување во прво лице низ еден од најомилените филмски серијали на сите времиња”.

„Враќањето во Хогвортс“ е објавена точно 20 години од американското прикажување на првиот филм – „Хари Потер и Каменот на филозофот“, на 16 ноември 2001 година.

Трејлерот од 52 секунди прикажува исечоци од неколкуте светски познати филмови и ветува дека „легендарната актерска екипа“ ќе се врати „таму каде што магијата започна“. На триото ќе му се придружат и други ѕвезди, како Хелена Бонам Картер, Роби Колтрејн, Ралф Фајнс, Џејсон Ајзакс, Гери Олдман, Имелда Стаунтон и Том Фелтон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...