Прогласени победниците на дванаесеттото издание на Анимакс Скопје Фест

Чилеанскиот краток филм „Бестиа“ (Ѕвер) на авторот Хуго Коварубиас е овогодинешниот добитник за Златната Тула на меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“.

Францускиот автор Реза Риахи ја доби втората награда за својот анимиран филм „Навозанде музичарот“, додека Бронзената Тулa ја доби палестинскиот филм „Ноќ“ на авторот Мад Салек.

За најдобар филм за деца беше награден филмот „Пиколино. Авантура во градот.“ од Шпанија, а наградата се доделува врз основа на гласовите од детската публика кои во најголем број гласаа за овој филм.



Специјална награда им беше доделена на филмовите „Сувенир, сувенир“ од Франција за најдобра приказна, „Ова останува меѓу нас“ од Велика Британија за најдобар концепт и „Соништа во полето“ за исклучителна анимација.

„Уште едно успешно издание на Анимакс Скоје Фест се случи во Кинотека на С. Македонија изминатиов викенд. Ако се земе предвид квалитетот и бројот на пријавените филмови, првиот меѓународен фестивал за анимација во Македонија Анимакс Скопје Фест, веќе 12 години високо котира на мапата на светските фестивали. Трпеливо чекаме „Агенцијата за Филм на Северна Македонија“, повторно да започне да го финансира фестивалот кој веќе трета година, а почнувајќи од јубилејното 10 издание е на трошок на организаторите. „Анимакс“ е традиција или ако сакате повеќе бренд, а тоа треба да се чува и негува, а не да се уништува. Така е насекаде во светот, па би требало да биде и кај нас.“ - вели директорот на фестивалот м-р Кузман Кузмановски.

Жири комисијата која одлучуваше за наградите беше во состав на д-р Лазе Трипков, м-р Мими Ѓорговска Илиевска и Илчо Симовски.

Анимакс Скопје Фест е во организација на продукциската куќа Аурипигмент од Скопје, а е со поддршка на Град Сkопје, во соработка со Кинотека на С. Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...