„West Side Story” на Стивен Спилберг собра три „Златни глобуси“

Филмот „West Side Story“ во режија на Стивен Спилберг, е прогласен за најдобар мјузикл или комедија на вчерашното доделување на „Златните глобуси“. Филмот доби три награди.



Преработката на мјузиклот од 1961 година раскажува за една љубов меѓу двајца млади, сместена во костец меѓу ривалските улични банди. Ѕвездата на новиот филм – Рејчел Зеглер е наградена за најдобра актерка во мјузикл или комедија.

Здружението на странски новинари во Холивуд (ХФПА), кое го организира „Златен глобус“, ја прогласи „The power of the dog“ за најдобра драма. И овој филм доби три награди од можни седум номинации. Никол Кидман доби награда за најдобра актерка во драмата „ Being the Ricardos “. „Златниот глобус“ за глумец во драма му припадна на Вил Смит за улогата во „King Richard“, а најдобар актер во мјузикл или комедија е Ендрју Гарфилд во „Tick, tick…Boom“.

Наградата за најдобра режија ѝ припадна на Џејн Кемпијон за „The power of the dog“. Јапонскиот филм „Возејќи го мојот автомобил“ е најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Актерите, режисерите и филмските студија во голема мера „ги игнорираа“ наградите „Златен глобус“ оваа година, по критиките во 2021 година – дека организаторот ХФПА работи „со сомнителни етички политики“ и без членови црнци.

ABC, кој долги години го емитува настанот, одлучи да не ги емитува овогодишните награди.

ХФПА, која го прошири и инклузивизираше своето членство и ја ревидираше својата практика, ги објави своите селекции на свеченоста зад затворени врати во Беверли Хилс. Добитниците јавноста ги дозна преку социјалните мрежи и на интернет-страницата на „Златен глобус“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...