Роберт Патинсон: Не сакам да ме помнат како најлошиот „Бетмен“

Роберт Патинсон синоќа во „Шоуто на Џими Кимел во живо“ го претстави својот нов филм „Бетмен“, каде што се обидува да не потфрли пред Мајкл Китон, Вал Килмер, Џорџ Клуни, Кристијан Бејл и Бен Афлек кои во поновата историја го отелотворија Брус Вејн и неговото „алтер его“. Но, за Патинсон токму тоа бил најстресниот миг.

– Ако сте лош како „Бетмен“, нема поголема катастрофа од тоа, нели?, праша Кимел.

– Постојано ми кажуваат дека не е така, рече Патинсон.

– Ми велат – ако сè ова не успее, пак ќе бидеш дел од нешто навистина посебно. Но, не сакам да бидам најлошиот. Тоа би било она по што ќе ме помнат, додава актерот.

Тој натаму раскажува дека му треба посебна психолошка и хормонална („серотонинска“) подготовка за да се погледне себеси на големиот екран.

– Ми треба да вежбам претходно, треба да имам и огромна количина шеќер и кофеин. Потоа, што и да гледам, велам – „Одлично!“, објасни Патинсон.

Во справувањето со тој стрес, особена помош и поддршка имал од својата девојка Суки Вотерхаус која направила сè да помине во најдобар ред. Новиот „Бетмен“ филм ќе се прикажува од 4 март.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...