„Викинзи: Валхала“ е новата најгледана серија на Нетфликс

Новата историска ТВ-серија на Нетфликс, „Викинзи: Валхала“ за кратко време стана најгледаната серија на популарната стрим-платформа.

Се работи за нова приказна заснована на серијата „Викинзи“, сместена на почетокот на 11 век, којашто го следи животот на некои од најпознатите Нормани – Леиф Ериксон, неговата сестра Фрејдис Ериксдотер и амбициозниот нордиски принц Харалд Сигурдсон. Новата историска серија е на врвот на светската листа најгледани серии на платформата. Од Нетфликс се задоволни од резултатите, па веќе ја подготвуваат и втората и третата сезона. Креаторот на серијата Џеб Стјуарт потврди дека снимањето на втората сезона веќе е почнато.

– Приказните за Леиф, Фрејдис, Харалд, Олаф, Кануте и останатиот дел од нашата неверојатна екипа се тајна. Можам без двоумење да кажам дека нивните патувања ќе бидат уште повпечатливи од она што сте го виделе досега!, изјави Стјуарт.

За две недели, гледачите минале повеќе од 113 милиони часови гледајќи ја „Викинзи: Валхала“. На второ место е серијата „Inventing Anna” – со 77,5 милиони часови гледање на светско ниво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...