БАФТА 2022: „Моќта на кучето“ и „Белфаст“ се филмови на годината

„Моќта на кучето“ (Тhe Power of the Dog) e најдобар филм (вкупно две награди од осум номинации), а „Белфаст“ најдобар британски филм за изминатава година, според признанијата на годинашното 75. доделување на наградите на Британската академија за филм и телевизија – БАФТА.



„Дина“ (Dune) доби најмногу – пет статуетки од можни 11 номинации, и тоа за најдобар звук, визуелни ефекти, сценографија, оригинална музика и кинематографија. Најдобар режисер е Џејн Кемпион („Моќта на кучето“).

Наградите за најдобра машка и женска главна улога отидоа кај Вил Смит („Кралот Ричард“) и Џоана Сканлан („По љубовта“).

Најдобра машка и женска споредна улога: Трој Коцур („Кода“) и Аријана Дебоус („Приказна од западната страна“).

Најдобро оригинално сценарио: Пол Томас Андерсон за „Ликорис Пица“.

Најдобро прилагодено сценарио: Сијан Хедер за „Кода“.

Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје: „Вози го мојот автомобил“.

Најдобар анимиран филм: „Енканто“ („Encanto“, „Шарм“).

Свеченоста на 75. доделување на наградите „БАФТА“ се одржа синоќа во „Ројал Алберт хол“ во Лондон. Водителка беше австралиската актерка и комичарка Ребел Вилсон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...