„КОДА“ го доби „Оскарот“ за најдобар филм

Филмот „КОДА“ е филмот на годината на годинашното доделување на „Оскарите“. Освен главното признание за најдобар филм, актерот Трој Коцур стана второто лице со оштетен слух во историјата– добитник на „Оскар“.


Научнофантастичната сага „Дина“, од американската Академија за филмска наука и уметности доби шест „Оскари“ од можни 10 номинации, меѓу кои и наградите за монтажа, визуелни и звучни ефекти.

„Оскарот“ за главна женска улога отиде кај Џесика Честејн, за филмот „Очите на Теми Феј“. Ова е прв нејзин „Оскар“.

Вил Смит пак, го доби својот прв Оскар за најдобар актер за улогата во „Кралот Ричард“, па во говорот, со солзи, говореше за љубовта меѓу луѓето – посебно меѓу „својот народ“, наспроти омразата и нетрпеливоста.

Признанието за најдобар режисер отиде кај Џејн Кемпион за „Моќта на кучето“. Филмот доби само еден „Оскар“ од рекордните 12 номинации.

За најдобра женска споредна улога е прогласена Аријана Дебоуз („Приказната од Западната Страна). Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје е „Вози го мојот автомобил“ (од Јапонија).

Најдобра филмска песна е „No time to Die” во изведба на Били Ајлиш за истоимениот филм „Џејмс Бонд 007: Не е време за умирање“.

Најдоброто оригинално сценарио го има филмот „Белфаст’, режиран и напишан од Кенет Брана. Најдобар анимиран филм е „Енканто“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...