Отворен престижниот Филмски фестивал во Кан

Престижниот Филмски фестивал во Кан вчера беше отворен по 75-ти пат, а на црвениот тепих се појавија многу ѕвезди и гости кои ги вратија возбудата и гламурот во модниот град, што овој пат е придружен и со контроверзиите околу одбивањето на акредитацијата на руските филмаџии и новинари.

„Кан 2020“ не се одржа поради пандемијата на коронавирусот, а минатата година се одржа во посебни услови.

-Едноставно кажано, пресреќен сум, изјави претседателот на жирито Винсент Линдон на прес-конференција.

Во жирито се вклучени повеќе актери и режисери, меѓу кои Ребека Хол, Номи Рапејс, Дипика Падукон, Џеф Николс и Асгар Фархади.

Најголемиот филмски фестивал во светот се одржува од 17 до 28 мај, а враќањето кон свеченостите, забавите, гламурот и парите дава надеж дека гледачите во голем број ќе се вратат во кината.

Фестивалот беше отворен со проекција на филмот за зомби „Final Cut“ во режија на Мишел Хазанавичиус, а гледачите ќе можат да го погледнат и филмот на Том Круз „Топ Ган: Маверик“. Том Круз со ова се врати во Кан прв пат по 30 години.

Почесната Златна палма за животно дело ќе ја прими Форест Витакер. Неговата продуцентска куќа ќе го прикаже „За доброто на мирот“, документарен филм за војната во Јужен Судан.

Во контекст на војната во Украина, организаторите на фестивалот решија да им ги ускратат акредитациите на сите руски филмаџии, но и на новинарите кои на кој било начин се поврзани со руската влада. Подоцна некои новинари добија акредитации, но не беше наведено кои.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
П: Како жените ги споредуваат машките пениси?
О: Голем, поголем, таман.
П: Како мажите ги споредуваат своите пениси?
О: Мал, помал, ист како мојот.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...