Холивуд се збогува со неповторливиот Реј Лиота

Филмските ѕвезди се збогуваат со еден од најпознатите гангстери на големото платно, Реј Лиота, кој почина вчера во сон.



Лорејн Брако, што ја глумеше неговата сопруга во класиката „Добри момци“, изјави дека е „целосно скршена“ од веста за неговата смрт.

-Можам да бидам речиси каде било во светот и луѓето ќе дојдат и ќе ми кажат дека нивниот омилен филм е ,,Добри момци”. И, секогаш ме прашуваат кој е најдобриот дел од снимањето на тој филм. Мојот одговор отсекогаш бил ист – Реј Лиота, објави Брако на социјалните мрежи.



Неговата колешка од „Нијанси сино“ , Џенифер Лопез го нарече „олицетворение на цврст човек, а однатре нежен“. Неговиот партнер во „Поле на соништата”, Кевин Костнер, зборуваше за „неверојатната оставина“ на Лиота.

Џејми Ли Кертис, која глумеше покрај него во „Доминик и Јуџин“ во доцните 80-ти, го нарече „мил човек“ и „прекрасен уметник“.

Меѓу другите кои испратија последен поздрав се и Џефри Рајт, Вајола Дејвис, Џош Бролин, Розана Аркет и други.

– Ако имате еден филм што луѓето го паметат, тоа е одлично. А, ако имате два, тоа е фантастично!, рече Лиота во една прилика.

Лиота почина во сон во Доминиканската Република, додека го снимаше филмот „Опасни води. Тој беше свршен со Џејси Нитоло, а претходно, од 1997 до 2004 година, беше во брак со Мишел Грејс со која ја имаат ќерката Карсен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...