Рајан Гослинг ќе го глуми момчето на познатата кукла Барби, во истоимениот игран филм на режисерката Грета Гервиг.

На изненадување на обожавателите, продукциската куќа „Ворнер брос“ ја објави и првата слика од актерот како Кен.
Прикажувањето на филмот „Барби“ засега е закажано за 21 јули 2023, а главната улога ѝ припадна на Марго Роби.

Во другите улоги ќе ги видиме Вил Ферел, Мајкл Сера, Ема Меккеј и други познати холивудски имиња. Сценариото Гервиг го пишува заедно со Ноа Баумбах.