Top Gun: Maverick ја помина границата од 800 милиони долари заработка на светско ниво, со што стана филм со најголем приход во кариерата на Том Круз.

Остварувањето со тоа го помина претходниот филмски хит на Круз, „Mission Impossible: Fallout од 2018 година, што заработи 791,1 милион долари ширум светот. Вкупниот приход на „Top Gun: Maverick” во мигов изнесува 806,4 милиони долари, а сега има шанса да стане првиот филм со Круз во главната улога, во „клубот од милијарда долари“.
На продолжението на филмскиот хит „Top Gun“ од 1980-тите, обожавателите чекаа 36 години.