„Spacey Unmasked” документарец за подемот и падот на Кевин Спејси

Британскиот „Канал 4“ работи на документарен филм за подемот и падот на познатиот актер-оскаровец Кевин Спејси. Документарецот во два дела е наречен „Spacey Unmasked” и ќе се занимава со неговата кариера, од неговите почетоци на Бродвеј, преку статусот на ѕвезда, па сѐ до обвинувањата за сексуално вознемирување и злоупотреба.



– Кевин Спејси е еден од најпочитуваните актери на денешницата. Неговиот талент му донесе два „Оскари“ и многу други награди. Критички пофален на двата брега на Атлантикот, тој успешно го водеше театарот „Олд Вик” цели 11 години, па стана еден од најважните културни ликови и во Лондон, како и пријател на многу други познати личности. Овие филмови ќе ја следат неговата приказна за наводите за злоупотреба и исходот од судењето, вели извршната продуцентка Дороти Бирн.

Во режија на Кира Филипс, првата епизода ќе се појави по завршувањето на двете судења. Едното тече во Њујорк – засновано на тужбата на актерот Ентони Рап, а другото во Велика Британија, каде што Спејси се соочува со обвиненија од тројца други мажи.

Тој се појави пред судот на Островот на почетокот на овој месец, каде што е обвинет за четири случаи на сексуален напад меѓу 2005. и 2013 година.

– Ја ценам изјавата на обвинителството во која тие внимателно ги потсетуваат медиумите и јавноста дека имам право на правично судење и дека сум невин додека не се докаже спротивното. Иако сум разочаран од нивната одлука да прифатат процес по тужбите, со задоволство ќе се појавам во Обединетото Кралство штом имам можност да се бранам од овие обвиненија за кои, сигурен сум, ќе ја докажам мојата невиност, изјави Спејси во пресрет на судењето.

Еден од тужителите го обвинува американскиот ветеран за „секс со пенетрација без согласност“, т.е. за силување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...