Џејмс Камерон: Се плашам од неуспех на „Аватар 2“

Џејмс Камерон не е сигурен дека „Avatar: The Way of Water” ќе постигне таков успех на бокс-офисот како првиот дел, кој веднаш влезе во списокот филмови од милијарда долари.



Имено, 67-годишниот режисер го сними долгоочекуваното продолжение на научно-фантастичната епопеја од 2009 година – филм со најголема заработка на сите времиња, но за „Empire“ вели дека нема гаранции дека новиот филм ќе биде толкав хит во кината.

– Ако заработиме 20 или 30 отсто помалку од оригиналот – зашто и пазарот веќе не е ист, тоа би било лошо. „Троловите“ ќе направат тоа да изгледа како никој да не му е грижа и дека, небаре, никој нема да може да се сети на имиња на ликовите или на едно проклето нешто што се случило во оригиналниот филм, изјави Камерон.

Режисерот откри дека новиот филм ќе биде подолг од вообичаеното за прикажување во кината, но рече дека не сака гледачите „да лелекаат“ за тоа, при фактот што минуваат часови гледајќи телевизија.

– Не сакам никој да се жали на должината, кога седи и гледа (ТВ, б.п.) осум часа… Речиси можам да го напишам овој дел од критиките однапред: „Измачувачки долгиот тричасовен филм“… Ги гледав моите деца како седат и гледаат пет едночасовни епизоди по ред, додаде Камерон.

Режисерот призна дека и се двоумел дали воопшто вреди да се прави продолжение.

– Морав долго и напорно да размислувам дали всушност и сакам да направам уште еден „Аватар“ бидејќи беше многу тешко и ризично. Кога си направил нешто што е толку „трансцендентно“ во успехот, дали навистина сакаш да се ​​обидеш повторно? Размислував за тоа две години пред конечно да се одлучам, заклучи тој.

„Avatar: The Way of Water” излегува во декември оваа 2022 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...