Нетфликс го намалуваат буџетот на 17 милијарди долари годишно

Челните луѓе на Нетфликс, поради финансиската состојба во светот, одлучија малку да го подзапрат ​​трошењето, па следните неколку години ќе трошат 17 милијарди долари годишно за нови содржини.

– Поминавме низ прилично големи деловни транзиции. Станавме „попаметни“ и сега може да ги насочиме нашите трошења за да имаат поголемо влијание, изјави финансискиот Спенсер Нојман.

Иако порано трошеа до 20 милијарди долари годишно, пандемијата остави белег на најголемата стрим-платформа во светот. Конкретно, „Stranger Things 4” им помогна да ги задржат претплатниците, но им донесе и повеќе трошоци.

– Посебно таа серија беше погодена од Ковид поради младата актерска екипа, големината и обемот на продукцијата и бројот места на кои снимавме. Беше многу скапо да се испорача таа серија… Финансиското влијание на таа серија беше поголемо од она на други проекти, рече еден од извршните директори, Тед Сарандос.

Една од причините за намалувањето на сезоната било времетраењето на снимањето бидејќи многу од него било забавено и поради претходни прекини и внимавањето за актерите да не се заразат со коронавирус.

Претходно беше објавено дека Нетфликс за три месеци изгуби околу 970.000 претплатници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Како најлесно да убиешној?
-Избламирај го на асфалт.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По...
1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат...
1837.- Кралицата Викторија Прва, како прв...
1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото...