Љубовни филмови за гледање во двојка



Скопје, 19 септември 2022 (МИА) – Доаѓа есен, а со неа и подолгите, дождливи вечери кои најдобро се минуваат со филмови во топла, пријатна атмосфера. Сместени под ќебе, во прегратките на саканата личност, ова се некои од најдобрите, најсоодветни љубовни филмови што можете да ги погледнете во двојка:

„Титаник“ (Titanic, 1997)

„Титаник“ е американска епска оскаровска романтична трагедија од 1997 година, во режија и по сценарио на Џејмс Камерон, и Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет во главните улоги. Тие се фатални љубовници, засекогаш врежани во филмската историја. Иако главните ликови и љубовната приказна се целосно измислени, во филмот се појавуваат и вистински историски личности.

Оценка на ИМДБ: 7,9 / 10. Оценка на „Ротен томатос“: 69 отсто од гледачите-оценувачи го препорачуваат.

„Убава жена“ (Pretty Woman, 1990)

Филмов ја лансираше Џулија Робертс на филмското ѕвездено небо. Се работи за приказна за проститутка и бизнисмен – луѓе од сосема различни светови кои наоѓаат нешто што ги насочи во иста насока. Ричард Гир е Едвард Луис, бескомпромисен бизнисмен кој патува во Лос Анџелес како дел од својата последна задача и решава да се опушти во друштво на проститутка. На неговиот повик одговара младата и убава Вивијан Вард (Џулија Робертс), која многу брзо му се допаднува и ја кани да ја минат цела недела заедно. На крајот, нивната врска се развива во сосема поинаква насока од планираната.

Оценка на ИМДБ: 7,1 / 10. Оценка на „Ротен томатос“: 68 отсто.

„Бележникот“ (The Notebook, 2004)

Николас Спаркс е автор на романот што ја раскажува љубовната приказна за војник, повратник од Втората светска војна, кој не можејќи да ја пронајде својата голема љубов од минатото, мора да минува низ едно исто сеќавање што го има со неа… Според многу критичари и читатели, книгата е добра, но филмот е оној што целосно ја заведе публиката. Рајан Гослинг и Рејчел Мекадамс глумат во филмот под режисерската палка на Ник Касаветес.

Оценка на ИМДБ: 7,8 / 10. Оценка на „Ротен томатос“: 85 отсто.

Имаш пошта (You’ve Got Mail, 1998)

Главните улоги во овој филм ги толкуваат Том Хенкс и Мег Рајан, кои се деловни ривали и всушност се натпреваруваат во целиот дел од филмот за, на крајот, се разбира, да ја реализираат својата љубовна приказна во идиличен пресврт.

Оценка на ИМДБ: 6,7 / 10. Оценка на „Ротен томатос“: 73 отсто.

„Запознајте го Џо Блек“ (Meet Joe Black, 1998)

Филмот е исклучително успешна фантастична приказна за љубовта којашто успева да ја победи и смртта. Дело е на американскиот продуцент и режисер Мартин Брест, авторот и на филмот „Мирисот на жената“. Приказната е за Вилијам Периш (А. Хопкинс), богат и моќен бизнисмен, сопственик на медиумска империја, кој по смртта на неговата сакана сопруга, го посветува својот живот на својата работа и на неговите ќерки Алисон (Марша Геј Харден) и Сузан (Клер Форлани). По преживеан срцев удар, старецот е посетен од мистериозен странец со очигледно измислено име – Џо Блек (Бред Пит) – ангел што почнува да чувствува нешто што ниеден бессмртник не би требало да го почувствува – љубовта кон прекрасната ќерка на Периш, Сузан…

Оценка на ИМДБ: 7,2 / 10. Оценка на „Ротен томатос“: 81 отсто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...