Стенли Тучи поласкан од статусот на секс-симбол



Лос Анџелес, 19 септември 2022 (МИА) – Водителот на популарната патувачко-готварска емисија „Барајќи ја Италија“ (Searching for Italy), Стенли Тучи (61) вели дека иако е воодушевен од „бујната љубов“ и поддршката што ја добива од обожавателите, тој е „по малку мистифициран“ поради тоа.

– Мојата сопруга мисли дека тоа е смешно и јас сум неверојатно поласкан, изјави Тучи за „Гардијан“. – Не го разбирам тоа, но мило ми е. Кому не би му било драго!? Еј, колку само долго време ви требаше!?, се пошегува тој.

Тучи е в брак со литературната агентка Фелисити Блант, која е сестра на неговата колешка-глумца од филмот „Ѓаволот носи Прада“ – Емили Блант.

Најдобро од сè, се чини, е тоа што зголемувањето на неговата популарност дојде со тоа што точно покажа кој е тој зад сцената.

– Тоа целосно ми го промени животот. Сè што требаше да направам е – да бидам свој, продолжи Тучи.

Во 2017 година, нему му беше дијагностициран рак на јазикот. Иако деновиве е излечен, тој вели дека никогаш не би можел да мине низ таа борба без „неуморното внимание, наклонетост и охрабрување“ од неговата сопруга. Двојката има две деца – Емилија и Матео, покрај трите постари деца на Тучи – Изабел, Николо и Камила од неговиот брак со првата сопруга Кејт Спат-Тучи, која почина од рак на дојка во 2009 година.

Глумецот во една прилика изјави дека тагата се менува со времето.

– Но, никогаш не престануваш да тагуваш… И, сè уште е тешко. И по 11 години, сè уште е тешко, и секогаш ќе биде тешко. Но, не можете да дозволите – и, некако, таа никогаш не би го сакала тоа, некој од нас да потоне во таа тага и да дозволиме да трае и да виси над нашите животи. Таа никогаш не би го сакала тоа. Таа не беше таква!, нагласи Тучи.

Тој, инаку, годинава е актуелен со ТВ-сериите „Моли“, „Централ парк“, „Инсајдер“, како и филмот „I Wanna Dance with Somebody“ (Сакам да танцувам со некого), којшто е биографија за легендарната поп-дива Витни Хјустон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...