Хју Грант повторно со напад на бес на снимање

На снимањето на филмот „Dungeons & Dragons: Honor Among Thieves“, британскиот актер Хју Грант имал „неколку изливи на гнев“, и тоа поради жена која случајно се нашла на филмската сцена.

Долгоочекуваниот филм се снимаше во Северна Ирска, а Грант (62) за списанието „Тотал филм“ открива дека не е задоволен со своето однесување за време на снимањето на филмот. Уште повеќе, тој своето непримерно однесување го спореди со испад на неговиот колега Кристијан Бејл на снимањето на „Терминатор 4“.

- Уште првиот ден изгубив нерви со една госпоѓа. Претпоставив дека таа е филмаџика од студиото, што требаше да ја знам... Потоа испадна дека жената е исклучително фина жена, која придружувала едно девојче, рече тој, опишувајќи како гневот целосно го зацрвенува во лицето.

Инаку, ова не е првпат Хју Грант да ги губи нервите на работа, па еднаш призна и дека има „мега-бес“ барем еднаш годишно. Поради неговото лошо однесување правел паузи од глумата, а и добива сѐ помалку понуди за улоги.

Следниот филм од приказната „Зандани и змејови“ излегува на 31 март и во него глумат и Крис Пајн, Мишел Родригез, Реге-Жан Пејџ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...