По големиот успех на „Dune: Part 1” кој беше објавен во 2021 година и освои 6 награди „Оскар“, доаѓа долгоочекуваниот трејлер за „Dune: Part 2“.

Премиерата на научно-фантастичниот филм, со Тимоти Шаламе и Зендаја во главните улоги се очекува во ноември 2023 година.
Продолжението засновано на истоимениот роман на Френк Херберт, е во режија на Вилнев, а во продукција на Warner Bros. Pictures и Legendary Entertainment. Снимен е во Будимпешта, Абу Даби, Јордан и Италија.