Зошто Ди Каприо е меѓу омилените актери на Скорсезе?

Американскиот режисер Мартин Скорсезе во интервју за „Deadline” открива зошто го користи Леонардо ди Каприо во повеќето од неговите филмови од 21. век.



Ди Каприо и Скорсезе досега имаат работено на шест долгометражен и еден краткометражен филм: „Бандите на Њујорк“ од 2002 година, „Авијатичарот“ (2004), „оскароскиот“ „Покојните“ (2006), „Островот Шатер“ (2010), „Волкот од Волстрит“ од 2013 година, потоа - кусиот филм „Аудиција“ (2015) и конечно - „Убијци на цветната месечина“ (Killers of the Flower Moon) којшто своето прикажување ќе го има во декеември 2023 година.

- Она што е фантастично за Лео и зошто толку често соработуваме е тоа што тој често талка како актер во оние тешки сложени места коишто се речиси неразбирливи за другите актери на крајот сѐ тоа излегува толку кристално јасно со него. Обично можеш да го видиш тоа во неговиот израз, во лицето, очите... Тоа секогаш му го кажувам!, изјави Скорсезе.

Според него, Ди Каприо е природен на сцената.

- Би можел да го снимам одблиску, тој може да не размислува за ништо, а јас да ставам што било во таа сцена, и луѓето повторно ќе речат дека е одличен. Тоа е нешто како „Кулешовиот ефект“. Може да го направиш тоа со Ди Каприо. Има нешто во неговото лице кога камерата ќе застане на него. Во неговите очи. Дури и кога се движи за милиметар, ние го гледаме тоа. Многу е занимливо она што се случува со него на сцената, заклучи Скорсезе.

Режисерот се осврна и на неговата соработка со Роберт де Ниро, со кого исто така снимил доста филмови. Имено, Де Ниро бил тој што му го посочил Ди Каприо на „оскаровецот“ зад камерата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...