The Post ексклузивно дозна дека Ким Катрал - која своевремено ја глумеше Саманта Џонс во „Сексот и градот“, неодамна снимила сцена за претстојната 2 сезона од спинофот на HBO Max „И едноставно така...“

Во шокантен развој на настаните, изворите открија дека Катрал (66) направила огромно камео кое претходно не било запишано никаде во сценариото, па многумина од екипата останале збунети кога дознале што се случува.
Ким Катрал претходно беше мошне категорична околу тоа дека не сака да ја репризира својата улога како Саманта. Нејзината одлука произлезе од долгогодишниот лош однос со Сара Џесика Паркер, а воедно и од тоа во која насока сценаристите го водат нејзиниот лик.
Според информациите, сцената со Саманта е снимена во март во близина на студиото Силверкап во Квинс, каде што се снимаат ентериери за серијата.
Снимањето било толку тајно, што Катрал пристигнала во теренско возило со затемнети стакла за да биде сокриена од љубопитните погледи.