Новиот филм на Бредли Купер, „Маестро“ доби седумминутен аплауз

Долгоочекуваниот филм „Маестро“ на Бредли Купер, во којшто тој глуми, го напиша и го режира, беше премиерно прикажан на Фестивалот во Венеција. Биографската драма за животот на познатиот композитор Леонард Бернштајн доби седумминутни овации на светската премиера во театарот „Сала гранде“.



Купер, кој го глуми Бернштајн и Кери Малиган во улогата на неговата сопруга Фелисија, не присуствуваа на настанот поради штрајкот на филмаџиите во САД. Но, се појавија трите деца на композиторот - Џејми, Александар и Нина Марија Фелисија Бернштајн. По проекцијата, тие со солзи во очите ги поздравија гледачите, и „диригирајќи“, се забавуваа.

Се чини, критиката предвидува „Маестро“ да биде еден од главните кандидати за „Оскар“ оваа година, според познавачите.

Приказната е за врската на Бернштајн со Фелисија - од додворувањето до бракот којшто, според трејлерот, „болно се свиткува под тежината на неговите хомосексуални врски“. Купер го напиша сценариото со Џош Сингер, а филмот го продуцираа Мартин Скорсезе и Стивен Спилберг.

Ова е втор филм во режија на Бредли Купер. Првиот беше прилично успешниот „Ѕвездата е родена“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...