Мајкл Корлеоне вонсудски се спогоди со „Нетфликс“ и Софија Вергара

Мајкл Корлеоне Бланко, единствениот преживеан син на колумбискaтa „наркокралица“ Гризелда Бланко, минатиот месец ги тужеше стрим-платформата „Нетфликс“ и актерката Софија Вергара за тоа како животот на неговата мајка е прикажан во ТВ-серијата „Гризелда“. Тужбата е вонсудски решена, со договор меѓу двете страни.



Имено, според правните документи, адвокатот на семејството ја повлекол тужбата и истото барање не може да се врати на Суд. Подробностите на нагодбата сѐ уште не се познати.

Мајкл Корлеоне Бланко и неговата сопруга Мари поднесоа тужба на 17 јануари во Окружниот суд во Мајами, Флорида, САД, тврдејќи дека семејството не го овластило „Нетфликс“ да ги користи нивните „лик, сличности и/или идентитет“ и побарале спречување на емитувањето на минисеријата од шест дела. Тужителот, вели, разговарал за можноста да напише книга и серија за животописот на неговата мајка со продуцентите од 2009 до 2022 година, како и да понуди други материјали. Но, како што нагласува, дури подоцна - „преку печатот“ осознал за ограничувањата на серијата, па потоа тврдеше дека „Нетфликс“ ја користел неговата приказна и друг материјал без потребните заслуги кон него или надомест за тоа.

Вергара, која го глуми насловниот лик и е извршна продуцентка на серијата, беше една од седумтемина обвинети. Таа, како и Гризелда, пораснала во Колумбија. Нејзиниот брат бил меѓу 250.000 луѓе убиени за време на повеќедецениската војна на дрогата во Колумбија.

- Мојот брат беше дел од тој „бизнис“. Знам што може таквата работа да му направи на едно семејство, на човек, на земјата, изјави Вергара.

„Црната вдовица“ се вклучила во нелегалната трговија со дрога во Мајами како начин да ги издржува своите деца... Се искачила до „врвот“ на тој организиран криминал и наводно е одговорна за убиството на тројцата поранешни сопрузи и стотици други луѓе како „наркокралица“. Мајкл Корлеоне (именуван по нејзиниот омилен лик од „Кум“) е единствениот преживеан од нејзините четири сина. Бланко беше убиена во Меделин, Колумбија, на 3 септември 2012 година. Се верува дека таа била единствената личност од која се плашел неславниот Пабло Ескобар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...