Серијата „3 Body Problem“ најгледана на „Нетфликс“

Научнофантастичната серија „3 Body Problem“ е новата најгледана на стрим-платформата „Нетфликс“. Објавена е на 21 март, а од 25. до 31 март корисниците потрошиле вкупно 115 милиони часа на стримување на оваа серија. Со тоа, таа го истисна „The Gentlemen“на Гај Ричи од првото место.



Серијата „3 Боди проблем“ е создадена од Дејвид Бениоф, Д. Б. Вајс и Александар Ву, а се заснована на истоимената книга од Лиу Сиксин. Објавени се осум епизоди, а главните улоги ги толкуваат Бенедикт Вонг, Џес Хонг, Јован Адепо, Еиза Гонзалес, Зин Ценг и други. Серијата е во топ-10 листата во 93 земји во светот, а првото место го зазеде во Австрија, Белгија, Аргентина, Бразил, Канада, Чешка, Данска, Финска, Словенија, Италија, Србија, Хрватска.

Aвторите на серијата најавија и нови сезони.

- Има три романи - во трилогијата. А романите се сé подолги и подолги, па не би рекол дека ќе се задржиме само на три сезони. Имаме некои сериозни замисли за тоа што ќе правиме во втората сезона. Сакаме да дојдеме до крајот на трилогијата... И тоа веројатно ќе се случи. Ќе има повеќе од две сезони - тоа е сигурно, но тешко е да се знае колку точно, изјави Александар Ву.

Сепак, серијата предизвика лавина реакции во Кина. Спорна е првата сцена, отворањето, каде што Црвената гарда ги линчува професорите на еден факултет. Иако кинеската продукциска компанија „Тенсент“ лани ја сними својата адаптација на романот, оваа верзија на серијата не ја прикажува сцената со линчот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...