Фестивал на европски филм „CINEDAYS" од 11 до 17 јули во Скопје

Со проекција на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд”, во режија на Андреас Јонсен, во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, како и со концерт на „Ефтеркланг: Македониум бенд”, на 11 јули ќе биде отворен 23. издание на фестивалот СИНЕДЕЈС.



Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата Ефтеркланг во потрага по македонски музичари, со цел составување на голем ансамбл и нивен заеднички перформанс пред споменикот „Македониум” во чест на симболот на архитектонскиот споменик за слобода и независност, соопшти МКЦ.

Премиерата на филмот, се одржа на 23 март 2024 во рамките на „CPH:DOX” и беше проследена со уникатен концерт на ансамблот „Ефтеркланг: Македониум бенд” во кој членуваат 22 македонски музичари.

Филмот ја заокржува истражувачката потрага на овој дански состав, преку патувачка турнеја низ Македонија. Младински културен центар се јавува во улогата на продуцент преку својата логистичка и организациска поддршка на целиот проект.

Покрај бендот Ефтеркланг, во ансамблот членува и Женскиот младински хор при МКЦ со 16 хористки, потоа музичарите Стефче Стојковски, Дејан Спасовиќ, Дина Јашари, Ива Дамјановски, Мартина Баракоска и Јане Трајковски.

Реализацијата на филмот е поддржана од страна на Министерството за култура со 250.000 денари, потоа Данскиот уметнички совет и „Culture Moves Europe” програмата на Европска унија.

Годинашниот фестивал CINEDAYS ќе трае до 17 јули.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена му на Трпе родила близнаци.
Трпе на работа донел мекици да части, и колегите го прашуваат дали близнаците му се еднојајчани или двојајчани.
- А бе, едното е двојајчано, а...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1556.- Во Рим свечено е осветено грандиозната...
1606.- Роден е Харменсон ван Рајн Рембрант,...
1904.- Во Бадевалер умре Антон Павлович Чехов,...
1944.- Во Штип бугарските фашисти ја убија Вера...