|
|
|
„Конклава“ и „Бруталист“ со по четири „БАФТА“ наградиФилмовите „Конклава“ и „Бруталист“ се големите победници на наградите на Британската академија за филмски и телевизиски уметности - „БАФТА“. И двата филма понесоа по четири признанија.

Драмата за избор на нов папа - „Конклава“, којашто водеше во номинациите - со вкупно 12 можности за награда, ги освои наградите за најдобар филм, најдобар британски филм, адаптирано сценарио и монтажа.
Историската драма „Бруталист“ - приказната за унгарски архитект кој се обидува да изгради живот во САД по Втората светска војна, исто така, беше во трката за најдобар филм. Режисерот Брејди Корбет и Адриен Броди добија „БАФТА“ статуетка за најдобар режисер и актер, соодветно. Филмот ги доби и наградите за најдобра авторска музика и кинематографија.
Во можеби едно од најголемите изненадувања на вечерта, Мајки Медисон ја доби наградата за најдобра актерка, за улогата на егзотична танчерка вплеткана во врска со син на руски олигарх во филмот „Анора“.
Криминалната драма-мјузикл „Емилија Перез“ ја освои „БАФТА“ наградата за странски филм. Зои Салдана ја доби наградата за споредна женска улога за нејзината улога на адвокатка која му помага на водачот на мексикански картел да ја лажира својата смрт и да се преобрази во жена.
Кијеран Калкин го доби одличјето за најдобра споредна машка улога за драма-комедијата „Вистинска болка“, којашто е наградена и за најдобро оригинално сценарио.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Колку МцДоналд'с девојки се потребни за да сменат сијалица? - Две, едната да ја одврти, другата да стави помфрит! |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
1672.- Во Москва е роден Петар Први Алексеевич...
1781.- Роден е Џорџ Стовенсон, англиски инженер...
1870.- Умре Чарлс Дикенс, англиски писател,...
1972.- Американските бомбардери ги нападнаа...
|
|
|
|