Сиднеј Свини ќе продуцира филм заснован на видеоиграта „OutRun“

Американската актерка Сиднеј Свини и режисерот Мајкл Беј ги здружија силите заради новиот филмски проект заснован на видеоигра од 1980-тите, насловена „OutRun“.



Адаптацијата ќе биде продуцирана, пред сѐ - од „Universal Pictures”. Продукциската куќа со ова цели кон продолжување на низата успешни филмски адаптации на популарни видеоигри, како што се неодамнешните хитови „Филмот за Супер Марио“ што сo буџет од 100 милиони долари заработи повеќе од 1,3 милијарди, или „ Five Nights at Freddy's“ којшто стигна до 290 милиони долари.

Мајкл Беј ќе го режира филмот, а Свини ќе го продуцира проектот, покрај Бред Фулер, и неговата продуцентска куќа „Platinum Dunes“. Тору Накахара, кој е заслужен за успешната адаптација на играта „Sonic the Hedgehog“, исто така ќе го продуцира овој проект, а претседателот на „Сега“, Шуџи Уцуми ќе ја надгледува продукцијата. Сценариото е на Џејсон Ротвел, пренесува „Variety”.

По хоророт „Immaculate“ и трилер-авантурата „Eden“ од 2004 година, Сиднеј Свини во моментов работи на шест нови проекти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Како Црногорци градат автопат?
- Ќе направат 10 километри и ќе стават знак "итн."

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...