Кенет Брана: Том Круз е потценет актер

Том Круз често го нарекуваат „последната голема филмска ѕвезда“ и „човекот што ја спаси филмската индустрија“ за време на пандемијата на коронавирусот, но според неговиот колега и пријател Кенет Брана, Круз сè уште е „потценет“ како уметник.



Придонесот на Американецот во филмското творештво во Велика Британија ќе биде признат и со стипендија на Британскиот филмски институт - највисокото признание на БФИ, како актер и продуцент кој донел милиони фунти во оваа европка земја со филмови снимени тука изминативе 40 години - од фантастиката „Легенда“, акциониот „Топ ган“ и трилерот „Очи широко затворени“ до последните блокбастери од серијалот „Невозможна мисија“, пишува „Дедлајн“ (Deadline).

Британскиот актер, режисер и продуцент, Кенет Брана, кој глумеше со Круз во филмот „Валкири“ од 2008 година, говореше за својот американски колега за лондонскиот весник „Тајмс“.

- Ако некогаш се замори да го воодушевува светот со акција, ќе ги изненади оние што го гледаат само како филмска ѕвезда. Она што тој го направи со ’Мисијата’ и ’Топ ган’ е уникатно - забавно, но со сериозна намера да ви даде кинематографско искуство. Сепак, тој е потценет актер - и врвот на неговиот занает го повикува, изјави Брана.

Британскиот филмаџија зборуваше и за тоа каков е Круз со обожавателите.

- Тој ќе најде тивок агол (во некој паб, на пр.), ќе ужива во атмосферата и секогаш е пријателски расположен кога е забележан. Тој е природно весел и едноставно ужива во она што го прави, а тоа е заразно, додаде Брана.

По соопштувањето на наградата од БФИ во март, Круз изјави: - Навистина сум почестен. Снимам филмови во Велика Британија повеќе од 40 години и немам намера да застанам.

Стипендијата на БФИ ќе му биде доделена на Том Круз на вечерата организирана од Институтот во Лондон, не следниот туку наредниот понеделник, на 12 мај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Која е максималната брзина за секс?
- 68. На 69 треба да се свртите.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...