„Ф1“ - прв вистински хит-филм на „Apple“

Конгломератот „Apple“ има нова причина за славје викендов - високобуџетниот филм „Ф1“ (F1) на нивната филмска продукција ѝ го донесе првиот хит на американскиот „бокс-офис“.



Филмот, во којшто Бред Пит глуми поранешен возач на Формула 1 кој е принуден да се врати од пензија, заработи 57 милиони долари (48,4 милиони евра) на домашниот пазар и 146,3 милиони долари (над 124 милиони евра) во првиот викенд. Ова се смета за успех на „Apple“ - шест години по влегувањето на технолошкиот гигант во филмската индустрија, имаат релативно неуспешни филмови (како скапите „Убијци на цветната месечина“ на Мартин Скорсезе, и „Наполеон“ на Ридли Скот, но и критички исмејуваните „Однесете ме на месечината“ и „Аргил“). Се чини, „Apple” ја преиспита својата филмска стратегија, па „светлото на крајот од тунелот“, според познавачите, беше „Волци“ од 2024 година, токму со Пит и Џорџ Клуни.

Според познавачите, ова може да биде отскочна даска за одделот за филмска продукција на „Apple“, отворајќи повеќе патишта кон поголем успех. Инаку, снимањето на „Ф1“ чинеше околу 250 милиони долари.

- „Ф1“ ќе биде убедливо најголемото издание на „Apple“ на „бокс-офисот“. Овој филм изгледа како успешен бизнис-модел што „Apple“ го замислуваше и сакаше да го спроведе неколку години наназад, изјави Дејвид А. Грос.

Уште во 2023-та, компанијата вети дека ќе троши милијарда долари годишно за кино-филмови. Сепак, студиото сè уште не ги остварило тие амбиции. По неоноар-филмот „Највисоко кон најниско“ на режисерот Спајк Ли, којшто во август ќе се прикажува две недели во киносалите преку дистрибутерот „А24“, „Apple“ нема други големи филмови за 2025. или 2026 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Направиле Јапонците робот во се ист како човек и викнале Јапонка, Французинка и Кумановка да го испробаат.
Прва влегла Јапонката, останала внатре едеп час и излегла мошне...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1883.- Во Прага е роден Франц Кавка, австриски...
1894.- Француските трупи и покрај херојскиот...
1949.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар...
1962.- По 132 години француска колонијална...