Започна снимањето на HBO Original Хари Потер серијата во Warner Bros. Studios Leavesden, Велика Британија. Серијата премиерно ќе биде прикажана во 2027 година на HBO и HBO Max, вклучително и на новите пазари во Германија, Италија и Велика Британија.

Меѓу новонајавените членови на актерската екипа се и Рори Вилмот како Невил Лонгботом, Ејмос Китсон како Дедли Дарсли, Луиз Брајли како Мадам Роланд Хучи и Антон Лесер како Гарик Оливандер.
Новообјавени водачи на оддели се Адријано Голдман (директор на фотографија), Кејт Хол (фризура и шминка), Пол Херберт (координатор на каскадерски сцени), Марк Холт (супервизор на специјални ефекти), Мара ЛеПер-Шлоп (сценографија), Наоми Мур (декоратерка на сет), Џон Нолан (супервизор на дизајн на ефекти), Алексис Вајсброт (супервизор на визуелни ефекти), Дом Сидоли (продуцент на визуелни ефекти) и претходно најавената Холи Вадингтон (костимографија).

Серијата ќе биде верна адаптација на омилените книги за Хари Потер од авторката и извршна продуцентка Џ. К. Роулинг. Секоја сезона Хари Потер ќе ја освојува веќе постоечката но и новата публика, а ексклузивно ќе се прикажува на HBO Maх онаму каде услугата е достапна, вклучувајќи ги и новите пазари како Германија, Италија и Обединетото Кралство. Оргиналните филмски класици и понатаму ќе бидат достапни за гледање.
Сценаристка и извршна продуцентка е Франческа Гардинер. Марк Мајлод ќе биде извршен продуцент и ќе режира повеќе епизоди од серијата за HBO во соработка со Brontë Film and TV и Warner Bros. Television. Серијата извршно ја продуцираат Џ. К. Роулинг, Нил Блер и Рут Кинли-Летс од Brontë Film and TV и Дејвид Хејман од Heyday Films.