Панк авантура „Дебар виа Скопје“

Наслов: „Панкот не е мртов“

Режија:
Владимир Блажевски

Сценарио:
Владимир Блажевски

Главни улоги:
Јордан Симонов, Тони Михајловски, Камка Тоциновски, Џевдет Јаџари

Жанр:
комедија/ драма

Времетраење:
104 мин.

Година на издавање:
2011

 

 

 

Панкот како правец донесе своја филозофија, која пак создаде свој стил на живот, размислување и дејствување. По дефиниција суп-културата на панкот се води од идеологиите на неконформизмот и бунтот. Вистинските почитувачи на панкот во својата срж’ со декади нананзад водеа борба за слободата на говорот и мислата, промени во општеството, отпорот против мејнстримот, како и изразување на индивидуализмот. Но, реално, денес панкерите се „вид во изумирање“ па по гледањето на најновото остварување на Владимир Блажевски се покренува прашањето дали „Панкот навистина не е мртов“?

Мирса (Јордан Симонов)е поранешен „крал на underground панк“ сцената во Скопје кој живее на „стара слава“ веќе 17 години и времето го поминува во пушење марихуана и препирање со мајка си Милка . Тој набрзо добива „непристоен предлог“ од својот дилер Гзим (Џевдет Јашари) да го обедини својот поранешен бенд „Работничка терапија“ со „кам бек“ свирка во Дебар, организиран од странски НВО. Но, има проблем. Само еден од поранешните членови на бендот е во Скопје, тапанарот Љак (Тони Михајловски), а останатите двајца (Владимир Тулиев и Кирил поп Христов) се во Србија и Босна. Откако ќе ги проголтаат предрасудите и гордоста, надополнети со девојката на Мирса (Камка Тоциновски) и жабата Фердинанд триото заминува на пат.

„Панкот не е мртов“ иако е технички некомплетен (во речиси секој аспект) и чувството по гледањето е како да е нешто недоречено во филмот, сепак има неколку поенти. Прво иако е филм за панк, во него не е целосно прикажан гневот кој го има самата су-пкултура кај речиси ниту еден од ликовите. Тие само сакаат повторно да свират заедно и ништо повеќе. Тоа е целта. Но, и покрај овој пропуст во концепцијата барем филмот е искрен до точка до која боли. На пример за тоа што стана од Скопје во нарацијата Мирса само вели „градот лежи како гроб под крстот на Водно“. Интересна компарација која создава насмевки но, повеќе солзи од староседелците на метрополата жално потсетувајќи не дека компарацијата е прецизно точна. Реален е и приказот на етничката нетрпеливост во државава, предрасудите и омразата помеѓу „нашите“ и „вашите“, нешто што последен пат беше кристално претставено во „Балк-кан-кан“ на Дарко Митревски . „Не можеме да свириме за Албанци“ вели Мирса на својот дилер. „А можеш да дилаш за нив нели?“ возвраќа тој.

Но, ако ништо од ова не е доволна причина да се види филмот, тогаш би требало да е глумата од Тони Михајловски и Јордан Симонов. Тие дефинитивно не се скопските Џони Ротен и Пол Кук, но кој помалку (Симонов), а кој повеќе (Михајловски) го доловуваат панк изгледот и манирите со екстремно минимален продукциски буџет. Ако ја забележавте маицата на Мирса на која е испишано името на групата „Cypress Hill“ ќе сфатите колку е тој буџет мал. И многу од хуморот во филмот не доаѓа од ништо друго, туку само од Љак и неговото пријателство со Фердинанд. Имагинативен и необичен концепт за извор на хумор покрај солидната доза на пцовки кои со развојот на дејствието стануваат досадни. За крај, збунувачко е присуството на Дани Димитровска која има и значителен дијалог со многу лош акцент, но.... како што вели и самата поговорка „колку пари- толку музика“. Медиумите го нарекоа „Панкот не е мртов“ лут скопски филм. Тој е Скопски, но не е лут. Тој е реален, на моменти тажен, на моменти смешен. Но во сите придавки кои се кажани за филмот може да се сместат и „болно искрен“ бидејќи во него откриваме дека „панкот е навистина мртов“.

Гледајте го „Панкот не е мртов“ (2011) ако ви се допаднале: „Salt lake City Punk“ (1998), „Romper Stomper“ (1992), „Suburbia“ (1983), Sid and Nancy“ (1986), „24 Hours party people“ (2002).





С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди татко му на Игорче во школо на родителска и класниот му го дава извештајот со оценките. Го зема таткото извештајот кога што ќе види, кец математика, кец македонски, кец...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1610.- Францускиот крал Анри Четврти, првиот...
1771.- Роден е велшкиот филантроп Роберт Овен,...
1796.- Англискиот лекар Едвард Џенер успешно...
1811.- Република Парагвај доби независност. Беше...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби