Американскиот глумец Еди Марфи има најголеми шанси да биде избран за домаќин на следното 84. свечено доделување на Оскар, пишува „Холивуд рипортер“.
Неговото име, како што се очекува, на официјалните претставници на Американската филмска академија би требало да им го предложи продуцентот на церемонијата Брет Ратнер, кој дошол на идеја да го ангажира познатиот комичар со кој соработувал на неодамна завршениот филм „Tower Heist“.
Покрај Марфи, се спомнува и името на Били Кристал, кој меѓу 1990 и 2004 година дури осумпати ја водел оваа светска манифестација.
Се верува дека меѓу членовите на академијата има многумина кои посакуваат една ваква водителска двојка.