Маргарет Тачер не заслужи ваков филм

Наслов:
The Iron Lady

Режија:
Филида Лојд

Сценарио:
Аби Морган

Улоги:
Мерил Стрип, Џим Бродбент, Ричард Е. Грант

Жанр:
драма/ биографија

Времетраење:
105 мин.

Година на издавање:
2011

 

Мерил Стрип е уникатен дар за уметноста. Актерски бог, кој во кариерата од над 30 години успеваше во секоја улога да не воодушеви со неизмерниот талент. Портретираше безброј силни жени: Карен Силквуд, Сузан Орлеан, Џулија Чајлд, а сега го прифати предизвикот на „челичната дама“ Маргарет Тачер.

Iron Lady почнува од самиот крај. Сенилната и стара Маргарет Тачер (Стрип) подгрбавено оди низ улиците на Лондон, а дома води бесцелни разговори, за поскапеното млеко со мртвиот сопруг Денис (Џим Бродбент). Гледаме бледа сенка од „железната дама“ која  повеќе од една декада ја водеше В. Британија. Во делови од нејзиното избледено сеќавање Маргарет нè навраќа  на сцени од младоста, кариерата, бракот, и сите битки кои таа ги водеше.

Мерил Стрип го заслужува третиот Оскар. Не постои актерка која би ја одиграла оваа улога со поголемо достоинство и грациозност од неа. Физичката сличност (помогната со протетика и шминка) е доловена до најмалиот детаљ. Акцентот, гестикулациите, одењето, тонот на гласот. Се е доведено до совршенство од Стрип. Но, таа е единствената причина поради која би вредело да се гледа Iron Lady.

Филида Лојд со режијата и Аби Морган со сценариото за жал не успеваат да го подобрат филмот. Иако е за нијанса позабавен за гледање од биографскиот J. Edgar, на моменти хуморот (колку да е добредојден) се чувствува како да не е вметнат соодветно. Денис Тачер, сопругот на Маргарет е претставен како шовинистички кловн, а не воодушевува ниту глумата која ја дава Џим Бродбент кај самиот лик.  Во филмот Денис е лојален сопруг кој ја поддржува сопругата, но, само до моментот кога политиката премногу ќе се вмеша во бракот и Маргарет повеќе не е „совршената домаќинка“.

Грешка е направена и во ликот на Маргарет Тачер. Со сенилноста (која е експлоатирана до максимум) како да сакале да извлечат сожалување од непријателите во политиката па, и од дел од граѓаните кои до ден денешен не ја сакаат. Таа е сега е претставена како осамена вдовица  речиси во домашен притвор и е посетувана само од ќерката Керол. Железната дама не би го дозволила тоа.  Но, од политичкиот дел (кога е секретар за образование, лидер на опозицијата и на крај премиер) сценаристката заклучува дека таа е виновна за својот пад. Со тврдоглавоста и застарените конзервативни сфаќања (кои произлегуваат од самата партија)  таа самата на себе ќе си стане непријател. Со добро познатите зборови „не не не“ таа ќе се самоуништи во машкиот свет во кој толку долго се бореше да се издигне. Клучни моменти од нејзиниот мандат се недоволно развиени (проблемите со ИРА, Фокландската војна, протестите поради буџетските реформи) и филмот остава впечаток како многу нешта да не се доречени.

Се разбира дека ова е игран филм, а не документарец па Морган и Лојд не можеле да навлегуваат во детали, но кога се правел првичниот драфт за акцентот на филмот  (дали  да се третира приватноста или политиката) била одбрана приватноста на Тачер. За жал, The Iron Lady е просечен филм, a прекрасно одглумен од Мерил Стрип.

С.Лазаревска

Гледајте го Iron Lady (2011) ако ви се допаднале: Into the Storm: Churchill at War (2009), The Long Walk to Finchley (2008)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си бил некој лудак во лудница. Му текнало да и напише писмо на мајка му и и напишал:
- Мамо овде во лудницава ни е добро. Секој ден одиме на базен. Сите мои другари скокаат на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Англискиот суд ја прогласи за виновна Ана...
1571.- Татарски освојуачи ја запалија Москва.
1767.- Џенова на Франција и го продаде островот...
1773.- Роден е австрискиот канцелар кнез...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби