Најдобрите оскаровски моменти

Низ историјата на доделувањето на Оскарите бевме сведоци на повеќе скандалозни, смешни, шокантни и триумфални моменти кои засекогаш ќе останат врежани во меморијата на публиката ширум светот. Ова се само дел од нив.

Марлон Брандо го одби Оскарот

Марлон Брандо во 1973 година стана вториот актер во историјата (по Џорџ С. Скот) кој го одбил оскарот. Тој го освои за улогата на Дон Корлеоне во филмот Godfather, но одби да присуствува и да ја подигне наградата, па ја испрати Sacheen Littlefeather актерката облечена во индијанска облека. Причината е стереотипниот третман на индијанското население во филмската индустрија.

Мартин Скорсезе го освои Оскарот

Повеќе од три децении оваа статуетка го избегнуваше Мартин Скорсезе но во 2007 година режисерот по долго чекање го освои оскарот за најдобра режија за филмот The Departed. Тој толку беше изненаден и растревожен што во говорот ги замоли колегите Спилберг, Копола и Џорџ Лукас два пати да го проверат пликото.

Гол маж на сцената

На оскаровската церемонија во 1974 година, 33-годишниот Роберт Опал целосно гол истрча на сцената веднаш зад водителот Дејвид Нивен, но тој остана ладен и воздржан и покрај смешниот пропуст на обезбедувањето. Од тој момент на самата церемонија се воведе 5 секунди задоцнување на самиот пренос за да се елиминираат слични инциденти.

Били Кристал е Ханибал Лектор

Најдоброто влегување на сцената водителот на Оскарите, Били Кристал го имаше во 1992 година. Тој беше донесен на сцената со носилка и со маска каква што имаше Ентони Хопкинс во филмот The Silence Of The Lambs.

Бакнеж од Андријан Броди за Хали Бери

Андријан Броди во 2003 година стана најмладиот добитник на Оскар во главна машка улога со 29 години, но вистинско воодушевување приреди откако пристигна на сцената и „филмски“ ја бакна актерката Хали Бери. Вистински момент на спонтаност и радост.

Џек Паланс прави склекови на сцената

Актерот Џек Паланс во 1992 година го освои оскарот за најдобра споредна машка улога за филмот City Slackers, но во говорот докажа дека на возраст од 73 години е физички силен да направи склекови и тоа со само една рака.

Том Хенкс откри премногу лични работи во говорот

Кога Том Хенкс го освои Оскарот за улогата во Philadephia, во 1995 година тој во говорот откри и дека неговиот професор од средно е геј (како што беше и неговиот лик во самиот филм). Подоцна овој гаф беше инспирација за филмот In and Out во кој Келвин Клајн го глумеше геј професорот, а Мет Дилон беше актерот кој добива Оскар и го разоткрива професорот на националната телевизија.

Ф-бомбата на Мелиса Лео

Мелиса Лео изминатата година го освои Оскарот за најдобра споредна улога во филмот The Fighter, но видно растревожена таа ја кажа Ф-бомбата во својот говор. Подоцна таа се извини, но многумина актери кои претходно освоиле Оскар, меѓу кои и комичарот Робин Вилијамс ја одбранија од критиките.

Мет Стоун и Треј Паркер како Гвинет и Џеј-Ло

Креаторите на South Park, Мет Стоун и Треј Паркер пристигнаа на црвениот тепих облечени во имитација на познатите фустани на Гвинет Палтроу и Џенифер Лопез само неколку години претходно. Подоцна признаа дека и двајцата биле издрогирани уште пред да пристигнат на церемонијата.

Кетрин Хепберн и Барбара Страјсенд се оскаровки

На оскаровската церемонија во 1969 години, за прв пат Оскар освоија две актерки во иста категорија. Кетрин Хепберн за филмот Lion In The Winer и Барбара Стрејсенд за Funny Girl. Тоа беше трета златна статуетка за Хепберн и прва за Стрејсенд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби