Љубов, војна и фудбал во „три полувремиња“

Наслов:
Трето полувреме

Режија:
Дарко Митревски

Сценарио:
Дарко Митревски, Гргуј Штуриќ

Улоги:
Сашко Коцев, Катерина Ивановска, Ричард Самел,

Жанр:
историска драма/ комедија

Времетраење:
113 мин.

Историјата ни прикажала повеќе примери на манекенки кои станале актерки. Некои се релативно успешни во транзициската професија (Моника Белучи, Мила Јовович, Сибил Шепард) а за некои актерството не е толку вокација, колку што е каприц за да докажат дека не се само убави лица (Роузи Хантингтон Витли, Синди Крафорд, Клаудија Шифер). Или пак само да ги прошират можностите за нова професија по 30-та година. Еј убавината е минлива нели?

Катерина Ивановска оваа година го имаше своето филмско деби во најновиот филм на Дарко Митревски, Трето полувреме (македонски кандидат за Оскар). Приказна за забранетата љубов помеѓу Коста (Сашко Коцев) и Ребека (Катерина Ивановска) за време на Втората Светска Војна, но и приказна за успесите на Рудолф Шпиц (Ричард Самел) тренерот на ФК Македонија кој ќе успее да стигне шампионската титула во Нацистичката фудбалска лига.

Трето полувреме е добар филм. Препознатливиот хумор на Митревски има силно присуство низ целиот филм, како што беше случајот и со неговиот претходник Бал-кан-кан. И овој пат хуморот е фокусиран на добар актер, Сашко Коцев. Се добива чувство дека Коцев малку подобро се снаоѓа со хумористичните делови од филмот, отколку со драматичните, но сепак тој е одличен избор за улогата на Коста. Катерина Ивановска не е најсилниот избор за ликот на Ребека но, претпоставувам дека нејзиниот кастинг се базирал повеќе на изгледот отколку на нејзиниот талент, па публицитетот кој би го донела манекенката како мотив е сосема оправдан. Тони Михајловски исто така на моменти го краде шоуто како Панчо, еден од фудбалерите во клубот, а не смее да се игнорираат ветераните Емил Рубен како полковникот Гавранов или пак Митко Апостолов како Димитрија, претседателот на клубот.

Но, сепак вистинско откровение во актерскиот дел е присуството на Ричард Самел како тренерот Шпиц. Германскиот актер е маестрален, а исто така и ликот кој го глуми. Шпиц со својот професионализам и германска стамина успеал да претвори аматери и „забушанти“ во шампиони, и две сцени се круцијани во претставување на неговиот карактер кон публиката. Прво, сцената во која ќе ги натера фудбалерите и Димитрија да го чистат тоалетот во железничката станица, и се разбира сцената од финалниот натпревар на Градскиот стадион. Митровски преку ликот на Шпиц ни прикажа принцип на работа кој за жал одамна не ни е познат, а кој коинцидентно е најдобрата формула за успех. Сработеното до половина, не е доволно добро и не носи успех. Чистењето на тоалетите на железничката станица или пак играта на фудбалерите. Искрено по гледањето на сцената, помислив- Ни треба еден Шпиц во нашата фудбалска селекција.

Љубовната приказна е помалку наивна, и на моменти недоволно развиена, но Митревски одлично ја маневрира и испреплетува со остатокот од приказната. Депортацијата на евреите, романсата, историските настани од периодот, и самите фудбалските натпревари се соодветно дозирани во развојот на приказната. Не може да не се спомене и кинематографијата од Клаус Фуксјагер која е маестрална но, сепак разочарува музиката од Кирил Џајковски. Таа обично ги следи филмовите во чекор, на моменти доминира, и најчесто е фасцинантна, а тука не се ни приметува. За самиот крај на текстов, за издвојување е една сцена од филмот која е полна со симболика и патриотизам.  Буди носталгија како и таа од филмската класика Casablanca, но сега создадена на „македонски начин„.

Сцената со враќањето на тимот од натпреварот во Белград. Македонските граѓани треба да ги пречекаат фудбалските херои на железничката станица. На почетокот ја слушаме Боже правде, за веднаш потоа дочекот да продолжи со Море сокол пие. Не е Марсељезата во кафулето на Хемфри Богарт, но е наш еквивалент. Една од најдобрите сцени во поновата македонска филмографија. Инспирирана од Холивуд, а сега наша во Трето полувреме.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Како Господ ги направил русокосите:
- Правел метла и се зафркнал!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1764.- Станислав Поњатовски е крунисан за крал...
1822.- Република Бразил прогласи независност....
1901.- Со мирот во Пекинг заврши таканареченото...
1940.- Авионите на нацистичка Германија го...